X
 10.01.2023 Здравје

Зошто Јапонија има еден од најдобрите здравствени системи во светот?

Јапонија е една од земјите со најдолговечни жители во светот. Во ова играат улога повеќе фактори, меѓу кои и универзалното здравствено осигурување.

Над 50 години Јапонија им нуди неограничено здравствено осигурување на сите што живеат во земјата подолго од три месеци, без разлика дали се жители на Јапонија или не. Висината на здравственото осигурување се одредува според возраста, местото на живеење и примањата. Оние што примаат здравствено осигурување во Јапонија може да користат какви било здравствени услуги од кои било институции.

Од 1973 година Јапонија, исто така, го зголемила бројот на медицински училишта, особено во руралните предели со цел да се зголеми бројот на доктори и да се задржат високите стандарди во здравството.

Згора на тоа, Јапонија работи на промоција на универзалното здравствено осигурување во големите економии. Во 2017 г. 30 земји ја усвоиле Декларацијата од Токио, ветувајќи дека ќе ги забрзаат напорите да воведат универзално здравствено осигурување до 2030 година.

Во моментов само 32 земји во светот нудат бесплатно или универзално здравствено осигурување.



Извор: World economic forum
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје