Иако врвните фудбалски менаџери заработуваат огромни суми пари од трансферите во најпопуларниот спорт, најјакиот спортски менаџер не е од светот на фудбалот, па дури ни од светот на кошарката.
За Жорж Мендеш и Мино Рајол често се вели дека го тресат светот на фудбалот, но има некој помоќен од нив.
Тоа е Скот Борас, кој застапува бејзбол-играчи чии договори имаат вкупна вредност од 1,88 милијарда долари. Овој 65-годишен менаџер само во 2018 година од провизиите заработил 105 милиони долари.
Скот Борас
Фото: Wikipedia
Тој застапува деветмина играчи кои имаат годишни договори со вредност поголема од 100 милиони, а меѓу нив се и најпознатите - Макс Шерцер и Стивен Стразбург. Шерцер има договор вреден 210, а Стразбург 175 милиони со „Вашингтон нешенлс“.
На листата на „Форбс“ второто место меѓу агентите го зазема Жорж Мендеш, кој оваа година заработил 100 милиони долари, водејќи сметка за договорите и кариерата на Кристијано Роналдо, Хамес Родригец, Анхел ди Марија, Бернардо Силва, Жозе Мурињо итн.
На третото место е уште еден фудбалски агент кој не се експонира како Мендеш, Џонатан Барнет. Тој застапува многу спортисти, меѓу кои и Гарет Бејл.
На четвртото место е кошаркарскиот агент Џеф Шварц, чии клиенти се Блејк Грифин, Андре Драмонд, Кевин Лав, Никола Јокиќ, Харисон Барнс... Тој оваа година заработил 66 милиони долари.
На
петтото место е Мино Рајола, агент на Пол Погба, Златан Ибрахимовиќ...