X
 27.09.2016 Живот

Историски натпревар на 11 октомври на арената Филип Втори

Нека грми на нашиот најголем стадион. Да ги поддржиме нашите фудбалски бисери, во пресудниот натпревар за најголем успех на македонскиот фудбал. 11 Октомври, нека биде запишан и како ден кога Mакедонија оствари пласман на едно Европско фудбалско првенство за млади.



Фудбалските херои против Шкотска ќе играат на 11 Октомври, и за пласман на Европско првенство.Да покажеме почит и сите заедно да ја бодриме младата фудбалска репрезентација!

Талентираната млада фудбалска репрезентација до 21 година, својот последен меч од квалификациите за пласман на ЕП 2017 во Полска, ќе го одиграат на 11 Октомври. Овој празничен ден за нашата држава, се надеваме дека ќе биде и фудбалски празник, а избраниците на Благоја Милевски ќе не израдуваат со триумф против селекцијата на Шкотска.

Не се сомневам во овие момци дека и на овој натпревар ќе го дадат и последниот атом од силите за да стигнат до посакуваниот успех. Се надевам дека со оваа победа ќе одиме на европско првенство, и дека ова ќе биде победа за Македонија, победа која е плод на нашата борба, духот и единството кој владее во репрезентацијата, но и вербата во сопствените квалитети. Знаеме што сакаме, знаеме што работиме и знаеме што не очекува на последниот натпревар натпревар, кој се надевам ќе го одиграме пред полни трибини“ – изјави Милевски во очекување на натпреварот со Шкотите.

Натпреварот ќе се игра на арената „Филип Втори“, во 18 и 45 часот, кога во исто време ќе се игра и мечот Исланд – Украина, кој исто така е мошне важен за конечниот пласман на табелата.

Македонските млади фудбалери во овој квалификациски циклус покажаа победнички менталитет, силна мотивираност и желба за победа, борбеност, што резултираше на едно коло пред крај на квалификацискиот циклус да се најдат на првото место во исклучително тешката група, и тоа пред големата Франција, пред репрезентации како Исланд, Украина, Шкотска и Северна Ирска.

Овие фудбалери играат со срце, но и многу смирено, органиизрано и паметно. 5 победи, 2 нерешени натпревари и само еден пораз на стартот од квалификациите, е нешто поради што овие фудбалерите заслужуваат голем респект! 90% од овие фудбалери не се стандардни во своите клубови. Освен Барди, Маркоски и Радески, другите немаат стандардна минутажа. Но сите тие играат рамо до рамо со најдобрите во Европа, како Французите кои во моментот вредат милиони евра. Веруваме дека нашите фудбалери ќе го задржат нивото и на мечот со Шкотска, и ќе продолжат да го живеаат својот фудбалски сон. А публиката во што поголем број треба да ги награди со аплауз и да биде силна поддршка. Цената на билетите се симболични 100 и 50 денари.

Претходно, на арената „Филип Втори“, на 6.октомври и на 9.октомври, А-репрезентацијата на Македонија ќе игра против Израел и против Италија.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот