X
 10.04.2023 Живот

Лојалните работници почесто се експлоатирани, покажува истражување

Лојалноста е доблест, но може да биде и ранливост. Менаџерите најчесто ги вреднуваат работниците што се сметаат за лојални, но ново истражување покажува дека тие најчесто ги искористуваат бидејќи им доделуваат неплатена работа и повеќе задачи. Според истражувачите, некои менаџери несвесно го прават ова.

- Компаниите сакаат лојални работници и има многу истражувања кои покажуваат дека лојалните работници им носат разни позитивни поволности на компаниите - изјавил главниот истражувач Метју Стенли.

Меѓутоа, се чини дека менаџерите се склони да ги експлоатираат овие вработени, посочил тој.

Во истражувањето биле анализирани речиси 1.400 менаџери кои пополнувале онлајн прашалник за фиктивни работни сценарија. Поголемиот дел од менаџерите одговориле дека им даваат повеќе работа на вработените кои имале репутација дека се лојални. Другите позитивни карактеристики на вработените, како чесност и праведност, немале ист ефект како лојалноста.

- Лојалните работници почесто се избрани за експлоатација. А потоа, кога ќе направат нешто за што не се платени, на крајот добиваат поголема репутација на лојален работник, што ги зголемува шансите повторно да бидат избрани за такви обврски во иднина - вели Стенли.

Истражувањето покажало и дека менаџерите сметале дека ова е нормално, а дополнителната работа е во функција на лојалноста на вработените.

Извор: Science alert
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот