Универзитетот во Британска Колумбија „Оканаган“ станува првиот во историјата кој ќе има предмет за оваа личност. Се работи за Кристијано Роналдо.
Сите го знаеме Роналдо. Но, некои сакаат да го истражуваат повеќе. Универзитетот во Британска Колумбија „Оканаган“ започнува со спроведување на програма која по четири години ќе им овозможи на дипломците да станат дипломирани социолози во областа на културното значење на Кристијано Роналдо.
Имено, студентите кои ќе бидат дел од програмата нема да ја проучуваат играта на Роналдо, ами неговото влијание врз модерното општество и начинот на кој тој врши влијание на луѓето кои го гледаат и следат.
Професорот кој стои зад програмата посочува дека Роналдо можеби се' уште не знае за ова, но би сакал да го види на своите предавања.
Ова не е прва ваква програма во светот. На еден универзитет во Стафордшир постои слична програма поврзана со Дејвид Бекам.