X
 10.11.2019 Живот

Срамно е колку Македонија одвојува за наука, Јован Тасев е магистер по математика на „Кембриџ“, Вики и Тања успешно удомуваат македонски кучиња во САД... Што пишувавме неделава?

Светилки од иднината кои не се поврзани со струјно коло, колку Македонија издвојува за наука, Јован Тасев од Скопје е магистер по математика на „Кембриџ“, кои се датумите кога ќе се одржат студентски избори на УКИМ, како Вики и Тања спасуваат кучиња и ги удоумваат во САД. Ова се дел од темите за кои пишувавме минатата недела.

„Колку Македонија одвојува за наука?! Срам ми е да кажам пред колегите од Србија и од Бугарија“. Со овие зборови д-р Гордана Богоева-Гацева, професорка на Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, го почна уводното предавање на работилницата „Предизвици на патот на македонските универзитети кон европската истражувачка зона и Шангајската листа“ што ја организира алумни-асоцијацијата „Хумболт и ДААД Клубот-Македонија“ на Факултетот за електротехника и информациски технологии.
Д-р Гордана Богоева-Гацева ја претстави состојбата во науката во Македонија. Последните податоци покажуваат дека во земјава има 16 универзитети и 2, односно 3 виши школи.



Јован Тасев од Скопје пред неколку месеци магистрира на Математичкиот факултет на колеџот „Хомертон“, кој му припаѓа на славниот универзитет „Кембриџ“. Тој е еден од ретките Македонци на кои му успеало тоа. Средношколец од „Јахја Кемал“, вљубен во математиката и знаењето, Јован со читателите на Факултети.мк споделува како изгледа да се студира на четвртиот најстар универзитет во светот и трет најдобар на актуелната Шангајска листа.


Тасев (втор горе) бил дел од бокс-клубот на „Кембриџ“ и го победиле „Оксфорд“

- Иако минативе четири години ми минаа во еден миг, не мислам дека можам да ги опфатам со еден збор. Кристално јасно се сеќавам на првиот час кога збунет седев во амфитеатарот додека професорот набрзина го минуваше сето мое дотогашно знаење на тема диференцијални равенки и почна со нов материјал. Веднаш ми стана јасно дека оваа „авантура“ ќе биде во друга лига од средно и дека големи заложби и мноогу задачи не ми бегаат – ни откри тој.


Речиси сите факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ распишаа конкурси за избор на претседатели и членови на факултетските студентски собранија. Изборите, кои студентите ги чекаат повеќе од една година, ќе се одржат кон крајот на ноември и почетокот на декември, на повеќето факултети. Сите информации во врска со датумите и деталите каде ќе се гласа се објавени на веб-страниците на факултетите, но тука може да ги најдете и линковите.



Активистките за заштита на правата на животните - Вики Димитрова и Татјана Димовска ги здружија силите и успешно транспортираа повеќе од 20 бездомни кучиња од Македонија во САД.
Вики ги наоѓа бездомните кучиња во Скопје, ги лекува, им дава љубов и внимание во нејзиниот стационар и потоа ги испраќа во САД, каде што Татјана веќе им нашла дом. Ова се главно кучиња со некаков хендикеп или постари кучиња кои никој не сака да ги удоми во Македонија.
Но, американските фамилии немаат никакви предрасуди, па кучињата завршуваат во семејства во кои ќе добијат многу внимание.



- Кучињата што завршуваат кај мене речиси секогаш биле на работ на смртта кога сум ги нашла. Фрлени на пат, удрени од автомобил, болни... Со сите сили се трудам да ги оздравам. Потоа Татјана се ангажира во САД да им најде дом, па го организираме транспортот - раскажува Вики.




Пишувавме и за средношколци од Берово кои имаат интересна иновација. Светилки од иднината кои не се поврзани со струјно коло, а може да светат и да продуцираат постојана светлина. Струја за една светилка која преку бранови ќе се пренесува на други светилки. Ова е иновација создадена од тим од средното училиште „Ацо Рускоски“ од Берово. Наречена „Светилки на теслини бранови“, идејата на амбициозните ученици и наставници доби поддршка и од Фондот за иновации и технолошки развој во рамките на конкурсот „Предизвик за млади истражувачки 2“.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот