Кинескиот град Хеихе, кој е погоден од ковид-19, на граѓаните им нуди илјадници долари доколку имаат информации за изворот на најновиот бран на ковид-19, како дел од „народната војна“ за сузбивање на еден од најголемите бранови во земјата во последните неколку месеци.
Во вторникот Кина објави 43 локални случаи во напливот предизвикан од делта-сојот, кој се прошири во 20 провинции и региони, со што сега има двоцифрен број на случаи.
Како што повеќето земји ги укинуваат ковид-мерките, властите во Пекинг тврдоглаво се држат до стратегијата за нулта-ковид која одржува низок број на зарази поради строгите затворања на границите, насочените заклучувања и долгите карантини.
Но, сегашната епидемија погоди повеќе од 40 града, а официјалните лица во Хеихе, северен град на границата со Русија, велат дека ќе дадат 15.500 долари како награда за оној што ќе има информации поврзани со изворот на епидемијата.
- Со цел што поскоро да се открие изворот на оваа епидемија и да се дознае синџирот на пренос, неопходно е да се води народна војна за превенција и контрола на епидемијата - се вели во соопштението од градските власти.
Официјалните лица велат дека случаите на шверц, нелегален лов и прекуграничен риболов треба веднаш да се пријават, додавајќи дека оние што купиле увезена стока онлајн треба веднаш да ја стерилизираат и да ја испратат на тестирање.
За време на последниот бран беше воведено заклучување и беа воведени строги правила за патување во земјата, при што беа откажани многу летови и возни линии.
Извор:
Ndtv.com
Фото: Freepik