X
 20.09.2015 Живот

Град кој овозможува дизајнирање на пешачки премини

Црното и белото повеќе не се во боја, туку виножитото. Исто и морнарско сината боја и зелената. Или пак црвената, белата и сината. Се` зависи од тоа како се чувствуваат и што им одговара на жителите од Сиетл.

 

сиетл


Имено, министерството за транспорт од нивниот град оваа недела најави дека ќе им овозможи на своите граѓани да ги прилагодат пешачките премини од нивното соседство.

Цртањето и обојувањето на пешачките премини започна од почетокот на оваа година, кога Seattle DOT ги обои пешачките премини во соседството Капитол Хил во чест на „Недела на гордоста“. Потоа во август, членовите на заедницата во централната област ги обоија нивните пешачки премини во црвена, црна и зелена боја во чест на африканскиот фестивал и Пан-африканското знаме. Градот не го означи чинот како вандализам, туку ја прифати промената. „Sietl DOT“ дури и додаде рефлексни ленти за пешачкиот премин да биде повидлив во текот на ноќта.

На тој начин овој тренд стана владина програма. „Sietl DOT“ создаде фонд за проектот, иако населбите ќе треба да аплицираат, а владата ќе го одобрува дизајнот (не се дозволени триаголници или логоа).

 

1


„Ова е начин на кој се одбележува и подобрува идентитетот на заедницата“, изјави градоначалникот Ед Мареј. „Јас сум возбуден поради фактот што ќе имаме можност да видиме повеќе историја, култура и заедница во кои посетителите и граѓаните ќе можат да уживаат“.

Навистина, пешачките премини се навистина значајни и над едноставната естетика. Многу заедници нивното учество во дизајнот го гледаат како навистина значајно, особено оние заедници кои имаат историско чувство во судир со локалната самоуправа.

„Ние знаевме дека пешачкиот премин ќе им даде на луѓето чувство на сопственост кон заедницата, бидејќи гентрификацијата се промени толку брзо и драматично што тешко е да се препознае местото кое го нарекуваме дом“, вели групата одговорна за обојувањето на пешачкиот премин во пан-африканските бои.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот