X
 05.10.2024 Живот

„Местото на иднината“: Пропаднатиот град на фашистичкиот режим требало да биде гордост на Медитеранот

Лаки е уникатен град, кој се наоѓа на островот Лерос, поради неговото возбудливо минато и архитектурата што го чува споменот на едни минати времиња.

Островот е дел од Додеканезите, островска група од 12 поголеми и 150 помали грчки острови во Егејското Море, југозападно од Турција. Лерос е оддалечен 317 километри од пристаништето Пиреј, а со траект се патува и до 11 часа.

По издигнувањето на фашизмот во Италија во 1930 година, на Лерос бил создаден нов град кој требало да биде поморска база за италијанската морнарица - Портолаго, односно Лаки.

На местото каде што некогаш имало мочуриште, почнале да никнуваат нови градби инспирирани од утописките идеи на 20 век. Лаки бил резултат на демонстрацијата на моќ на Мусолини со градење градови на иднината.

Строга и минималистичка црква, училиште со модернистички и византиски елементи и необично кино изградено со типична фашистичка архитектура - токму во Лаки доаѓа до израз минатото обоено од италијанската окупација на Додеканезите.

Големите планови за градот на иднината пропаднале откако Грција ја презела власта, па дури и локалните жители го заборавиле некогашното значење на оваа утопија на Мусолини.

Оние што го посетиле Лаки велат дека чувството е како да влегувате во изгубена временска капсула инспирирана од визијата на Мусолини за фашистичкиот Медитеран.

 

Извор: Punkufer.dnevnik.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот