X
 10.11.2021 Живот

Мобилен, е-пошта, разговор во живо - кога најмногу лажат луѓето?

Технологијата нуди нови начини за поврзување, но дали нуди и нови можности за лажење и измама? Социјалните психолози и експертите од областа на комуникациите долго се прашуваат кој најмногу лаже и како најчесто се лаже.

Ново истражување на Дејвид Марковиц, асистент-професор по анализа на податоци на социјалните мрежи на Универзитетот во Орегон, прави анализа на комуникацијата во живо, преку телефон, пораки, електронска пошта, социјални мрежи и видеоразговори.

Според резултатите, луѓето најчесто лажат на телефон или во видеоразговор, а најмалку преку електронска пошта. Меѓутоа, разликите помеѓу лагите кажани при различни видови комуникација биле мали, па затоа Марковиц заклучува дека личната тенденција за лажење игра поголема улога од обликот на комуникација.


Фото: Pixabay

Марковиц ги споредил заклучоците со слично истражување од 2004, кое покажало дека луѓето најмногу лажат на телефон, а најмалку преку електронска пошта.

Постојат повеќе можни објаснувања за овие резултати, а едно од нив е дека некои облици на комуникација го олеснуваат лажењето. Стапките на лажење може да се разликуваат и врз основа на формата на комуникација. На пример, луѓето најчесто користат електронска пошта во работата, додека телефонот и видеоразговорите почесто се користат за приватни разговори.

Марковиц заклучил и дека процентот на лица што лажат е мал, односно повеќето луѓе се искрени без разлика на обликот на комуникација.

Извор: The Conversation
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот