X
 10.11.2023 Економија

Во земјава лани биле активни 66.830 фирми, 91,2 отсто се со помалку од 10 вработени

Во земјава минатата година активно работеле 66.830 пазарно-ориентирани деловни субјекти, во областа на индустријата, градежништвото, трговијата и другите услужни дејности, а оствариле вкупен промет од 2.056.948 милиони денари и додадена вредност од 388.623 милиони денари, соопшти Државниот завод за статистика.

Деловните субјекти ангажирале 435.468 вработени лица, за што издвоиле 196.552 милиони денари.

Најголем промет е реализиран од секторот трговија на големо и на мало со 38,4%, а по него следуваат секторот преработувачка индустрија со 25,4%, снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 12,9%, градежништво со 5,6% и секторот транспорт и складирање со 5,1%. Секторот на преработувачката индустрија има најголемо учество во вкупната додадена вредност со 25,4%, следен од секторот трговија на големо и на мало со 21,2%.

Значително учество имаат секторот информации и комуникации, кој создава 9,1% и секторот градежништво, кој создава 8,7% од вкупната додадена вредност.

Во однос на големината на претпријатијата, доминираат микропретпријатијата со помалку од 10 вработени (91,2%), најголемиот дел од нив се од областа на трговијата.

Со ангажирани 35,4% од вкупно вработените, тие создале 22,9% од вкупната додадена вредност. Големите претпријатија, со учество од само 0,2% и со ангажирани 24,4% од вработените, создаваат 31,4% од вкупната додадена вредност во рамките на деловниот сектор, и тоа главно во секторот преработувачка индустрија (12%). 

Сепак, најголем е потенцијалот на малите и на средните претпријатија (со 10 до 249 вработени), кои ангажираа 40,2% од вработените и создадоа 45,8% од вкупната додадена вредност во деловниот сектор.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија