X
 09.07.2019 Живот

Во мај биле издадени 222 градежни дозволи, предвидена изградба на 463 станови, речиси половина се во Скопје

Во мај годинава се издадени 222 одобренија за градење, што е на исто ниво во однос на мај лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број одобренија, 135 (60,8 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 37 (16,7 проценти) за нискоградба и 50 (22,5 проценти) за објекти за реконструкција. Предвидена е изградба на 463 станови, со вкупна корисна површина од 39.499 метри квадратни. Гледано по регион, во Скопскиот се планирани 211 станови, најмногу во општина Ѓорче Петров (128), по што следат Гази Баба со 35 и Аеродорм со 31.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.983.177.000 денари, што е за 12,9 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупно 222 објекти, на 136 (61,3 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 86 (38.7 проценти) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот