Леонардо да Винчи е еден од најбрилијантните умови на сите времиња, а многумина не знаат дека од 37 години водел дневник во кој, меѓу другото, пишувал и за јавното здравје.
Имено, во дневниците наречени „Кодекс Атлантикус“ и „Ракопис Б“ има практични совети поврзани со здравјето, исхраната, физичката активност, однесувањето, како и животната средина.
Во тетратките што Да Винчи ги чувал, а кои се сочувани до денес, има сознанија за неговиот однос кон исхраната и готвењето.
Ова се некои од неговите совети запишани во тетратките:
„Ако сакате да бидете здрави, придржувајте се до овој режим:
- Не јадете кога немате апетит и јадете лесна храна за вечера.
- Добро џвакајте, а што и да внесете, нека биде добро сварено и направено од едноставни состојки.
- Земањето лекови е лош совет.
- Не лутете се и нервирајте се, и избегнувајте задушлив воздух.
- Добро би било да стоите исправени по оброк.
- Не спијте напладне.
- Виното измешајте го со вода, пијте го малку по малку, но не меѓу оброците, ниту на празен стомак.
- Не одложувајте ја посетата до тоалет.
- Ако вежбате, вежбите нека не бидат премногу напорни.
- Не легнувајте со стомакот нагоре и со главата надолу.
- Бидете добро покриени во текот на ноќта.
- Одморете ја главата и бидете ведри.
- Не бидете безобѕирни и држете се до диетата“.