X
 31.08.2023 Живот

Овие 8 навики можат да ви го продолжат животот за 24 години

Сега повеќе од кога било е јасно дека животот е под силно влијание на изборот на животниот стил, како што се исхраната и вежбањето, но една неодамнешна студија покажа дека одредени навики можат да го продолжат животот за повеќе од 20 години.

Истражувањето, претставено минатиот месец на годишниот состанок на Американското здружение за исхрана, покажа дека практикувањето осум здрави навики на 40-годишна возраст е поврзано со дополнителни 24 години живот за мажите.

Жените имаа слични придобивки од воведувањето на оваа практика во нивните животи на 40-годишна возраст, со дополнителни 21 година од животот.

- Навистина бевме изненадени од тоа колку може да се добие со усвојување на еден, два, три или на сите осум фактори на животниот стил. Колку порано, толку подобро, но дури и ако направите мала промена на 40, 50 или 60 години, сепак тоа е корисно, вели Џуан-Мај Нгуен, водечки автор на студијата и специјалист за здравствени науки во Одделот за ветерани во соопштение за медиумите.

Осумте навики, наведени по редослед на најголемо влијание врз животниот век, се:

- Вежбање;
- Никаква зависност од опијати;
- Избегнување цигари;
- Управување со различни нивоа на стрес;
- Здрава исхрана;
- Избегнување алкохол;
- Давање приоритет на добар сон;
- Одржување позитивни социјални односи.

zdrav
Фото: Freepik

Дури и додавањето на само една од навиките во рутината се чини дека додава 4,5 и 3,5 години живот за мажите и жените. Практикувањето на само две навики додаде уште седум години живот на мажите и осум години на жените.

Истражувањето го проучуваше изборот на животниот стил на повеќе од 700.000 американски воени ветерани на возраст од 40 до 99 години, кои се учесници во повеќегодишното истражување.

Недостигот на физичка активност, употребата на опијати и пушењето имаа најголемо влијание врз очекуваниот животен век со 30 до 45 отсто зголемен ризик од смрт, покажа студијата.

- Стресот, пиењето, лошата исхрана и лошиот сон беа поврзани со зголемен ризик од смрт за околу 20 отсто, а недостигот на позитивни социјални односи беше поврзан со 5 отсто зголемен ризик од смрт - се вели во соопштението.

Студијата заклучи дека никогаш не е доцна да се усвои здрав начин на живот.

Извор: Bizlife.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот