Европскиот суд за правда пресуди дека Велика Британија може еднострано да го запре Брегзит.
Во пресудата се наведува дека Обединетото Кралство може слободно да го повлече едностраното известување за својата намера да се повлече од ЕУ.
Одлуката на Судот доаѓа еден ден пред круцијалното гласање во британскиот Парламент за Договорот за Брегзит.
Судот заклучи дека која било членка на ЕУ може да го откаже започнатиот процес на отцепување, односно повлекување на членот 50 од Лисабонскиот договор. Судот истакна дека за таа одлука не е потребно одобрение од другите
членки.