X
 10.12.2019 Живот

Флопи-дискета со потпис на Стив Џобс продадена за огромна сума

И по осум години од смртта името на Стив Џобс сѐ уште е влијателно во светот. Последен доказ за тоа е неодамнешната продажба на флопи-дискета со потписот на коосновачот на „Епл“ за неверојатни 84.000 долари. Дискетата датира од околу 1988 година и на неа го има софтверот „Macintosh System Tools 6.0“.

Од аукциската куќа што го продаде дискот истакнаа дека причината поради која бил продаден за толку висока цена е тоа што Џобс ретко давал автограм. Од компанијата додадоа и дека дискот е во добра состојба.

Првично вредноста на флопи-дискетата беше проценета на само 7.500 долари. Но, ова не е првпат некој предмет на Џобс да се продаде за голема сума пари. Минатата година постер на кој имаше потпис од Џобс на аукција беше продаден за 25.000 долари. Дополнително, спомен-плоча и копија од списанието „Мек ворлд“, двете со потпис од Џобс, беа продадени на аукција за 15.000 и 10.000 долари. Минатата година апликација за работа на познатиот претприемач, напишана во 1973 година, беше продадена за неверојатни 174.000 долари.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот