X
 21.04.2018 Економија

Како светските милијардери го стекнале богатството?

Сè е релативно, но ние можеме објективно да заклучиме дека една милијарда долари се многу пари. Размислете, можете да купите 10.000 „масерати“ за една милијарда долари. Затоа, малку е вчудовидувачки да се знае дека меѓу нас има вистински милијардери. Од каде дошло сето тоа богатство?

Листата со милијардери на „Форбс“ покажува дека во светот моментно има рекорден број од 2.208 милијардери. Тоа се многу „масерати“. Без разлика дали тоа ве инспирира, збунува или збеснува, сигурно ве прави барем малку љубопитни. Од каде се овие луѓе? Кои се тие? Како станале толку многу богати?

Една третина, односно 33 отсто од милијардерите за оваа година го наследиле своето огромно богатство. Другите сами ги создале милијардите од пониска почетна точка.

Сигурно нема да ве изненади тоа што извршниот директор на „Амазон“, Џеф Безос, е на врвот на листата. Но, може ќе ве изненади тоа што тој стана првиот човек што има повеќе од сто милијарди долари, односно, милион „масерати“.

Ако сакате да влезете во клубот на оние со десетцифрени суми на богатство, а вашиот татко не е Безос, најдобрата опција ви е да управувате со туѓите пари. Во 2018 година најголемиот дел од оние милијардери што сами го стекнале богатството (поточно 310, или 14 отсто) се од финансиската и инвестициската индустрија.


Еве кои индустрии, според „Форбс“, прават најмногу пари во моментов:

1. Финансии и инвестиции: 310 милијардери (14 отсто). На пример: Варен Бафет од „Беркшир Хатавеј“.

2. Мода и продажба на мало: 235 (11%). На пример: Амансио Ортега од „Зара“.

3. Недвижен имот: 220 (10%). На пример: Хуеј Ка Јен од „Евергранде груп“.

4. Производство: 207 (9%). На пример: Ентони Прат од „Визи индустрис“.

5. Технологија: 205 (9%). На пример: Бил Гејтс од „Мајкрософт“.

Фото: Freepik
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија