Близу Шибеник, Хрватска, вчера била фатена ајкула тешка половина тон, а била во мрежата заедно со други риби од уловот.
Ајкулата му припаѓа на видот хеxанчус грисеус и набргу потоа била вратена во морето. Перо Угарковиќ од хрватскиот Институт за океанографија и рибарство изјави дека животното не е опасно и дека се работи за вид кој живее во подлабоките делови на морето и прилично ретко се појавува во плиткото.
- Понекогаш овие ајкули имаат блиски средби со нуркачите… Тие што се снимени по правило се помали, оти кога ќе пораснат, избегнуваат светлина. Овој вид живее во сите светски мориња - изјави Угарковиќ.
Извор: МИА