Блогот за патувања и фотографии „Capture the Atlas“ ги објави фотографиите од третиот годишен натпревар „Најдобар фотограф на поларната светлина на годината“.
Слично на процесот што се одвиваше во текот на натпреварот за најдобри фотографи на Млечниот Пат, „Capture the Atlas“ нема ниту еден единствен победник, второпласиран или специјална награда. Блогот едноставно ги избира и објавува најдобрите фотографии од поларната светлина што може да ги најде.
Дан Зафара, уредникот на блогот, ги собира фотографиите во текот на целата година. Не само што тој бара слики направени од некои од најпознатите фотографи туку наоѓа и нови таленти и нови локации каде што поларната светлина не била фотографирана претходно.
Фотографиите за 2020 година се направени низ целиот свет, во земји како САД, Русија, Финска, Норвешка, Исланд, Австралија, Канада и Антарктикот, од 25 фотографи од 18 различни националности.
Сезоната на
поларната светлина е од септември до април на северната хемисфера и од март до септември на јужната хемисфера.
Во продолжение ви нудиме некои од најдобрите фотографии.
ТУКА можете да ги видите сите 25 финалисти од натпреварот.
Извор:
Petapixel.com
Фотографии: Instragram