X
 19.04.2017 Живот

Како ќе изгледа храната во иднина заради климатските промени

Научниците веќе се обидуваат да пронајдат нови решенија и опции, за да се нахрани светската популација која до 2050 година може да достигне бројка од 10 милијарди. Овој податок комбиниран со климатските промени, доведува до заклучок дека иднината на храната нема да биде светла.

фото извор: Photograph by Heami Lee/Art Direction by Allie Wist

Али Вист, уметник и уметнички директор на списанието „Saveur Magazine“, е режисер на фото серијата „Flooded“, каде што е прикажано како ќе изгледа храната во дистопија. Фотографиите опишуваат темна иднина, трансформација со која можеби ќе треба да се соочиме.

Вист истакнала дека климатските промени се реални, но и дека поврзаноста со храната е неизбежна. Таа направила голем број на истражувања за да развие рецепти и состојки кои се познати и ограничени на блиската иднина во која може да се случат поплави во регионот на Њу Јорк.

Вист прикажува свет на екстреми. Доколку дојде до големо покачување на нивото на морињата, поплави и слично, тогаш тоа значи дека локалното производство и земјоделство, земјоделството ќе се соочи со колапс.

фото извор: Photograph by Heami Lee/Art Direction by Allie Wist

Целта на проектот е да се подигне свеста за климатските промени со кои се соочуваме, како и согледување на можните последици. Исушената и уништена храна која на фотографиите е прикажана како „dinner party“ покажува како би се одвивале нештата во иднина.

Креаторите на проектот се надеваат дека луѓето ќе почнат да размислуваат посовесно за тоа како климатските промени ќе влијаат на животот, особено на храната која е една од основните човекови потреби.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот