Седма година по ред, натпреварот „Фотограф на годината за птици“ е прослава на светот на птиците. За натпреварот за 2022 година беа поднесени повеќе од 20.000 фотографии од 115 земји. И додека победниците нема да бидат објавени до септември, натпреварот ни дава можност за краток преглед на некои од финалистите во неколку категории.
Изборот на финалисти од кетагориите за најдобар портрет, однесување на птиците и наградата за заштита, ја покажува силата на овогодишниот натпревар. Фотографиите, кои се направени на различни локации низ светот, ја октриваат различноста на птиците. Од препознатливите црнобели пердуви на кралските пингвини, до главата и вратот покриени со брадавици на мисирката, портерите на финалистите ги извлекуваат најдобрите карактеристики на овие животни.
Категоријата „Однесување на птиците“ го опфаќа опсегот од разработени ритуали на парење до злобни тепачки. Во мешавината е и прекрасниот мајчински момент на колибри додека ги храни своите млади.
- Птиците се неверојатно разновидна група на животни. Сведоци сме на неверојатни фотографии, од патки до орли, оваа година. Ги славиме птиците и нивното зачувување преку фотографии и секогаш е задоволство за сите во жирито да видат работа на толку талентирани фотографи - вели Вил Николс, снимател на див свет и директор на натпреварот.
Победниците на натпреварот ќе бидат објавени на 8 септември. Тие не само што ќе добијат парична награда, туку и ќе бидат дел од книга и ќе учествуваат на патувачка изложба.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото:
Instagram