Минхен е прогласен за најдобар град за странските студенти во Германија.
Истражување спроведено од веб-страницата „Стадиинг ин џрмани“ (
Studying in Germany) покажува дека Минхен, дом на речиси 55.300 странски студенти, е најдобар студентски град во Германија за 2024 година. Градот е една од најпопуларните дестинации во Германија и е познат по безбедноста и ниското ниво на криминал. Во Минхен има 20 универзитети.
Според истражувањето, следни на листата со најдобри градови за студенти во Германија се Ахен, Келн и Бон. На петтата позиција е Штутгарт, а на шестата се наоѓа главниот град Берлин. Берлин има најмногу универзитети, но и трошоците за живот се највисоки таму.
Помеѓу најдобрите десет града за студенти во Германија се најдоа и Франкфурт, Дрезден, Лајпциг и Хамбург.
Листата била составена врз основа на повеќе фактори, како број на студенти, безбедност, трошоци и квалитет на живот, здравство и број на универзитети.
Извор:
Erudera
Насловна фотографија: Pixabay