Белгискиот град Гент е прогласен за најдобра дестинација за одење на програма „Еразмус“ годинава.
Овој град бил изгласан за омилена дестинација за студирање во странство од страна на студентите на настан одржан во Букурешт, Романија. Градот бил пофален за одличната соработка помеѓу универзитетите, факултетите, властите и студентските здруженија.
Ова признание треба да поттикне повеќе странски студенти да студираат во Гент годинава. Според официјалните податоци, на јавниот универзитет во Гент има вкупно 44.000 студенти, од кои над 7.000 се странци. Поголемиот дел од студентите се од европски земји.
Минатата година, Солун бил изгласан за најдобра дестинација за студирање во рамки на програмата „Еразмус“.
Извор:
Erudera
Насловна фотографија: Pixabay