Утре ќе биде одржан состанок помеѓу студентите и ректорот.
Целта на средбата е дискусија за работната група која е најавена веќе неколку недели, а на која ќе биде разговарано и решавано за новиот закон за високо образование.
Работната група беше најавена пред одреден период, а истата е иницијатива на УКИМ. Предложената работна група има состав со претставници од Студентскиот пленум, Професорскиот пленум, Студентскиот парламент на УКИМ и Ректоратот на УКИМ. На неа е поканет и Министерот за образование и наука.
На утрешниот состанок ќе се добијат повеќе информации за формирањето на оваа работна група и нејзиниот начин на функционирање.
Состанокот е најавен за утринските часови.
Во меѓувреме, окупацијата на факултетите продолжува.