X
 11.01.2017 Живот

Најподготвените војски на светот

Бројни војски ширум светот се натпреваруваат за титулата „најсилна војска на светот“, но во време кога се намалува бројот на трупите како и финансиите за вооружување, преживуваат само елитните војници. На крај тоа би требало да резултира со силни војски кои ќе бидат составени исклучиво од најдобрите војници.

Дисциплината е поважна од силите и вооружувањето, а ова се десетте најдисциплинирани војски на светот, според проценките од воените стратези:

1.    Народно-ослободителната војска на Кина

Според кинескиот закон, секој маж мора да служи во војска, но за среќа овој закон не се спроведува престрого, па војската ја чинат само волонтери, чиј број е многу висок како и тие кои за своја професија ја избрале војската.
Сепак, кинеската војска е најголема на светот со околу 2,1 милиони војници. Двете најголеми вредности кои се учат таму се дисциплината и верноста, а мнозинството кадри се врвно образовани лица во чија едукација многу се вложува. Воениот рок им трае две години, но во тој период војниците го совладуваат она на што другите војски трошат по четири години најмалку.

kina
Војската на Кина

2.    Руската армија

Војските се познати по строгите казни кои војниците ги добиваат за непослушност, а Русија со сигурност стои на чело. Една од честите казни кај нив е присилување на војниците да го обработуваат снегот и од снежните блокови да направат совршени форми. Ако војникот случајно го заборави или го изгуби своето оружје, цел ден мора да чекори со тежок стап во рацете, што треба да е замена за бајонет.

rusija
Војската на Русија

Иако денес Русија не се смета за воена сила како некогаш, откако Владимир Путин во 2012 беше повторно избран за претседател, руските вооружени сили доживеаја значајна преобразба. Русија денес има армија од 845.000 војници, 22.550 тенкови и 1.399 борбени авиони, а војската е поделена на помали и динамични бригади каде акцент се става на напредната технологија многу повеќе отколку на физичката сила.

3.    Индиската војска

Војската на оваа држава брои 1,25 милиони војници и исто толку резервисти. Се смета дека нивните војници се едни од најискусните во светот, со оглед што постојано спроведуваат акции против бунтовниците во државата, но и против сепаратистите во Кашмир. Вложуваат и во купување на оружје од Русија, САД и Израел. Може само да се замисли колку војниците мораат да бидат дисциплинирани ако заповедниците мораат секојдневно да истрчаат по 10 километри. Иако се познати по строгоста што ја спроведуваат, најголемиот проблем што ги измачува војниците е дебелината – имено, веќе 10 проценти од вкупниот број на војници имаат зголемена тежина. Намерата е овој проблем да се разрешува со забрана за напредување на оние со вишок килограми.

индија
Војската на Индија

4.    Севернокорејската војска

Врховен заповедник на оваа војска, се разбира, е Ким Јонг-ун. Во својот извештај за 2011 година, институтот наведува дека бројот на војници во вооружените сили на Северна Кореја пораснал на 1,08 милиони, а зголемен е и бројот на воените бродови, тенкови и против-воздушни системи. Како и останатите граѓани, и војниците мораат да се придржуваат на строги правила и стандарди. Со оглед што земјата е сиромашна, голем број војници се недоволно нахранети и живеат во постојан страв од казна или испраќање во работни логори, па затоа секогаш ги почитуваат правилата. Наводно, доцнењето се казнува со смрт, па не е ни чудно што се едни од најдисциплинираните.

5.    Јужнокорејската војска

кореја
Војската на Јужна Кореја

Оваа војска брои околу половина милион војници и 552 летала. Според законот, сите мажи мораат да го отслужат воениот рок – што значи изолација од семејството и пријателите во траење од 21 месец. Најтешкиот дел од обуката трае шест недели, а војниците тогаш само тренираат, не смеат да слушаат музика, немаат пристап до телефон, интернет или телевизија, а одмараат само кога спијат. Тие се поттикнуваат да бидат еднакви и им се задаваат високо поставени цели за постигнување.

6.    Француската војска

Во блиска иднина, француската војска ќе стане најголемата воена сила во Европа и ќе добие контрола врз воениот апарат на Стариот свет со задолжение да ја води и безбедносната политика, проценуваат воените експерти. Најголем плус им се големите средства што ги издвојува владата за засилување на војската. Според професионалноста и ефикасноста, се сметаат за „сериозни светски играчи“. Бројат околу 120.000 војници.

7.    Војската на САД

amerika
Војската на САД

Оваа војска дефинитивно се наоѓа на врвот според своето искуство, опремата и буџетот, и по тоа се непобедливи. Нивните заповедници се фокусираат најмногу на ригорозните тренинзи на своите подредени, затоа што нивните војници многу често се наоѓаат во незавидни воени ситуации. Бројат 1, 43 милиони активни војници, а уверливо спаѓаат во една од најопасните светски војски.

8.    Војската на Пакистан

Нивната војска им дозволува на 16-годишниците да волонтираат за воена служба, иако не смеат да се појават на бојно поле пред полнолетството. Бројат 550 илјади активни војници, и уште толку резервисти. Обично ги споредуваат со нивните најголеми непријатели – војската на Индија и тоа од сосема разбирливи причини. Иако Индијците се со двојно поголем број, се смета дека Пакистанците тоа го компензираат со агресивниот борбен менталитет. Тие се тренираат да не бидат пасивни во борбата, туку да изведуваат офанзивни дејствија, а при тоа се многу дисциплинирани.


пакистан
Војската на Пакистан

9.    Јапонските сили за самоодбрана

Иако низ историјата доживеале многу удари, јапонските воени сили веќе се опоравуваат. Уставот на Јапонија не дозволува земјата да има традиционално поставена војска, а и самите Јапонци не се големи обожувачи на својата војска уште од големиот број изгубени животи за време на Студената војна. Сепак, нивната култура става зачаен акцент врз групната кохезија и стратешкото планирање, па оваа војска навистина поседува „око за детали“.

јапонија
Јапонските сили за самоодбрана

Освен тоа, технолошки се многу напредни и постојано изведуваат вежби во кои ги тестираат сите можни сценарија, па дури и она за Трета светска војна.

10.    Одбранбените сили на Кенија

Единствената војска од Африка на пописот на „топ 10“ е Кенија. Нивните војници се познати по дисциплината и слепата послушност на заповедите од надредените, заради драконските казни за непослушност. Спроведуваат таканаречена „тврда правда“, според која војниците со денови се ставаат во изолација доколку направат грешка, со цел добро да размислат за своите постапки, бидејќи не постои институција суд што би ја проценила вистинската вина.

Фотографии: Wikipedia
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот