Компанијата наречена „Партинг стоун“ може да ги претвори кремираните остатоци од вашите најблиски во цврсти остатоци што личат на мазни предмети слични на камен, а всушност се 100 отсто пепел.
Опишани како прва компанија од ваков тип, која обезбедува целосна алтернатива за пепел, „Партинг стоун“ овозможува позначајно искуство може да биде удобно, споделено со другите, прикажано, па дури и расфрлано.
Патентната технологија на „Партинг стоун“ е развиена од керамичкиот инженер Крис Чен од Националната лабораторија во Лос Аламос. Вклучува неколку едноставни чекори по кремирањето. По пристигнувањето во лабораторијата во Санта Фе, Ново Мексико, целата количина на кремирани остатоци се рафинира преку процес на мелење што ја претвора пепелта од грануларна конзистентност во фин прав. Потоа мала количина на вода заедно со врзувач сличен на стакло помагаат правот да се претвори во супстанција слична на глина, која се оформува и се става во печка пред да се полира и да му се врати на семејството, објаснува основачот на компанијата, Џастин Кроу.
Фото: Parting Stone
Обично остатоците од просечна возрасна личност тежат околу 4 до 8 килограми, или како што вели Кроу, околу 10 чаши.
- Го земаме тој материјал и го компресираме во цврсти материи - вели тој.
На крајот, семејството добива помеѓу 40 и 60 камења. Големините варираат, а исто и боите, од бела до светлозелена нијанса со длабоко сини линии или кафеави, па дури и виолетови со сини дамки.
Кроу вели дека овие бои се сосема природни. Компанијата прави истражувања за да ги идентификува причините, но тимот на Кроу има неколку тероии што се движат од тоа дека боите се предизвикани од лековите што ги земале луѓето, до нивната исхрана и начин на живот и медицинските импланти што можеби ги имале.
„Партинг стоун“ официјално била лансирана во 2019 година, но Кроу ја добил идејата уште во 2014 година, кога починал неговиот дедо.
- Тоа беше првата смрт со која се соочив во мојот живот. Неговите посмртни останки беа бесмислени. Сакав да чувствувам некаква врска со нив, но не сакав да ги гледам - вели тој.
Фото: Parting Stone
Кога едно семејство ќе избере урна, тоа е крајот на нивното искуство. Но, „Партинг стоун“ создава почеток на нивното искуство, повикувајќи се на преносливоста на камењата и колку е лесно камењата да се споделат со пријателите или другите членови на семејството.
Во последната деценија оваа потрага по значајни, алтернативни решенија за традиционалното погребување и кремирање се претвори во индустрија вредна милиони долари. Пепелта на починатите сега може да се претвори во дијаманти, да се стави на винил-плоча или да се расфрла со помош на огномет. Поприземно искуство е расфрлање на
пепелта под дрво.
Фото: Parting Stone
Кроу се сеќава на нешто што го доживеал за време на една конференција, за што вели дека ќе се сеќава секогаш.
- Имав направено камен од човечки остатоци. Околу 200 луѓе од мене побараа да го подржат каменот. Сѐ што направивме беше промена на формата на остатоците за на луѓето да им се удобни. Ова е дизајнерско решение - вели Кроу.
Извор:
Fast Company
Фото: Parting Stone