X
 11.01.2022 Живот

Бројот на заболени со ковид-19 зголемен за 51 % за една недела

Во период од една недела за 51 % е зголемен бројот на позитивни од тестирани на SARS-CoV-2, информираат од Министерството за здравство согласно анализите направени во Институтот за јавно здравје. Регистрирани се заболени лица од сите возрасни групи. Најзастапени се возрасните групи на лица на возраст од 30 до 39 (27 %), 20-29 (24 %) и 40-49 (17 %). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0до 9 (2%). 

Најголемо зголемување на бројот на заболени има кај возрасната група од 20 до 29 години, како и кај возрасната група од 30 до 39 години. Во период од една недела, односно од 3 до 9 јануари, пријавени се 946 реинфекции, со зголемување од 7 пати во однос на претходната недела.

Омикрон варијантата е откриена во 12 града, и тоа: Скопје – 48, Охрид – 27, Кочани – 7, Тетово – 6, Велес – 5, Пехчево, Штип, Гевгелија, Кавадарци по 2 и Виница, Неготино, Битола по 1 заразен.

Според извештаите од болниците, моментално на територија на цела држава се хоспитализирани 351 лице, што е 41 % повеќе во споредба со претходна недела. Од вкупниот број хоспитализирани пациенти 156 се во Скопје.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот