Јужна Кореја ги поместува границите во битката против коронавирусот. Автобуските постојки во главниот град сега имаат врати кои им ја проверуваат температурата на патниците, а имаат и ламби со ултравиолетова светлина кои го дезинфицираат просторот.
За да влезат, патниците мора да застанат пред камера за термичко снимање, а вратата ќе се отвори само доколку нивната температура е под 37,5 степени. Има и камера за децата која е пониско поставена.
Фото: YouTube
Една постојка чини околу 84.000 долари. Во неа системот за климатизација има ламби со ултравиолетова светлина што ги убива вирусите додека се лади воздухот. Вклучен е и бесплатен интернет.
Во постојките има и екрани на кои се покажуваат информации за пристигнувањето на автобусите. Има и средство за дезинфекција, а од корисниците се очекува да носат маски за лице и да држат
дистанца.
Вкупно 10 вакви постојки биле поставени во североисточниот дел од Сеул минатата недела. Оттогаш секоја постојка ја користат од 300 до 400 луѓе дневно.
Извор:
theguardian.com