Повеќе од половина од студентите во Австралија биле сексуално злоупотребени барем еднаш во 2016 година, според спроведената анкета на национално ниво.
фото извор: BBC
Во извештаите на Комисијата за човекови права во земјата се открива дека речиси 7 % од студентите биле сексуално нападнати барем во една ситуација во 2015 и 2016 година. Кај жените ваквите случаи се позастапени.
Експертите сметаат дека овие податоци се вознемирувачки, а последиците за студентите се ужасни и сето тоа влијае врз нивните студии, здравјето и идните кариери.
Анализирани биле 39 универзитети и 31.000 студенти. Се открило дека сексуалните напади и злоупотребата се случиле на различни степени во сите универзитети. Еден од пет студенти потврдил дека вакво нешто се случувало во универзитетите или на социјални настани, на кампусите или на какви било случувања поврзани со активностите на универзитетите.
Анкетите исто така откриле дека:
- 51 % од жртвите на сексуалните напади и 45 % од жртвите на сексуална злоупотреба ги познавале сторителите.
- Бисексуалните и асексуалните студенти биле најнапаѓани.
- Мнозинството сторителите биле мажи.
Од
универзитетите велат дека статистиките се многу загрижувачки. Експертите што ги спровеле анкетите ги предупредиле универзитетите да ја подобрат безбедноста и да преземат мерки за ваквите случаи.