X
 11.02.2017 Култура

Дали „Држава“ на Платон го предвиде издигнувањето на Доналд Трамп?

Се наоѓаме на прагот на бизарноста, голем настан кога машинската интелигенција ја презема нашата. Грчот на доцниот капитализам, всушност може да биде смрт за западната модерност.


Фото: Screenshot

Институциите како печатот и индустријата за гласање се „сопкаат“ прилично лошо. Никаква количина на негирање нема да ја запре кризата со климата. Се чини дека нешто сосема ново ќе се појави во светот, иако никој не знае и не е целосно подготвен за него.

Тогаш, зошто треба да се вратиме назад и да погледнеме во делото на Платон, „Држава“, за да можеме да ја објасниме нашата епоха? Овој филозоф немал никакво познавање на современото оружје, вештачката интелигенција или пак информациските системи.

Можеби подобро прашање е: Дали се`уште треба да ги вреднуваме придонесите на европската филозофија во современиот живот? Ако е така, тогаш мора да дозволиме Платон да биде важен за нашето учење.Алфред Норт Вајтхед славно ја карактеризира „европската филозофска традиција“ како „серија од фуснотите на Платон“, додека Масимо Пиглиучи вели дека Платон е фигура за целиот начин на размислување за основните прашања.

Драматичното анимирано видео, придружено од нарацијата на Саливан, е всушност видовит антички текст кој не е суптилен за модерните паралели. Без оглед на демократските неуспеси, ефектите кои Платон ги опишува се присутни денес исто како што биле пред 2.300 години, иако сакаме да мислиме дека механиката на нашите политички системи еволуира од тогаш. Во секој случај, нашата технолошка еволуција значи дека за разлика од времето на Платон, подемот на тиранин како Доналд Трамп, може да е случај во исчезнување.

 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура