Студентите на Електротехничкиот факултет во Осиек имаат можност како изборен предмет да го изберат предметот „Шах и компјутери“.
Оваа област навистина му се допадна на Универзитетот во Далас, па така на Електротехничкиот факултет му понуди соработка и стипендии за најдобрите студенти во оваа област.
Шахот како предмет во училиштата не е нешто ново. Имено, оваа игра како изборен или задолжителен предмет во наставата е присутна во повеќе од 30 земји. Овој пример го зеде и осиечкиот ЕТФ кадешто како изборен предмет може да се проучува токму шахот. Воведен е под иницијатива на професорот Радослав Галиќ, и како што вели тој постои голема заинтересираност за него - 44 студенти веќе се одлучија за овој предмет.
Некои експерти веруваат дека ваквиот голем одѕив е поради самиот Универзитет во Далас кој е подготвен на шахистите да им додели стипендии.
Деканот на ЕФТ Драго Жагаар потврдува дека факултетот преговара со споменатиот американски универзитет.
„Да, моментално сме во интензивни преговори за соработка. Но тоа не треба да биде изненадување со оглед на тоа што Универзитетот во Далас исто така има шаховски курсеви во нивната програма како и нас - тие со години се занимаваат со шахот како вештина за алгоритамски техники и се` она што е поврзано со шахот. Верувам дека наскоро ќе потпишеме договор со сите оние кои ќе научат за шахот на едно повисоко научно ниво“, вели тој.
Шахот како игра го поттикнува развојот на емоционалната интелигенција како и помага во совладување на знаци и симболи кои пак придонесуваат за развој на вниманието и самоконтролата.
„Идејата беше да се охрабрат младите луѓе повеќе да се занимаваат со шахот, но и преку алгоритми и решавање на шаховски проблеми да ги развијат нивните компјутерски вештини. Морам да признам дека идејата беше позитивно прифатена од повеќе студенти. Оваа година на предметот се запишаа 44 студенти, а тоа е доста голем број, особено затоа што станува збор за изборен предмет“, вели деканот Драго.
„Предметот има одлична перспектива, а јас верувам дека во соработка со другите универзитети ќе успееме да го подигнеме на едно повисоко ниво. Самите студенти признаваат дека со напредувањето во шахот, самите ги соегледуваат подобрените компјутерски и софтверски вештини“, додава тој.