X
 15.02.2015 Живот

Кратки тажни приказни кои ќе ви го скршат срцето

Ернест Хеминвеј напиша тажна приказна од само шест зборови: „За продажба: бебешки чевлиња. Никогаш необлечени“. На тој начин започнаа кратките тажни приказни.

 

приказни


Иако не постојат цврсти докази дека Хемингвеј ја напишал оваа приказна, се верува дека тој ја напишал со цел да победи на облог. Додека седел со неколку писатели, тој им рекол дека може да напише приказна од шест зборови кои ќе ги натера луѓето да плачат. Што и направил.

Со оглед на тоа што краткиот формат на приказната бил толку добар и успешен, другите луѓе започнале да го применуваат. Погледнете ги овие прекрасни и тажни кратки приказни, исполнети со чувства.

 

„Ја запознав мојата сродна душа. На нејзината венчавка“.

 

„Извод на родени. Извод на умрени. Исто пенкало“.

 

„Малите ковчези се најтешки“.


„Болно, тој го промени „е“ во „беше“.

„Погрешен број“, вели еден познат глас“.

„Ги донесов розите дома. За жал, клучот не одговараше“.

Првиот чувствителен робот: „Исклучи ме“.

„Болничарите ја завршија нејзината порака: „...Те сакам“.

„Денес повторно и` се претставив на мојата мајка“.

„Глумам дека имам Алцхајмерова болест“ - рече дедо. Повторно“.

„Штотуку венчани! - пишуваше на скршената шофершајбна“.

„Конечно зборував со неа. Оставив цвеќиња“.

„Да“, рече таа, како што и` беше кажано“.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот