X
 11.03.2020 Образование

Илон Маск: Факултетот е за забава, а не за учење

На конференција одржана во понеделникот Илон Маск им кажал на присутните дека не им треба факултет за да научат нешто. Во 2011 година еден од основачите на „Пејпал“, Питер Тил, почнал да им плаќа на студентите да се откажат од студирањето и да основаат компанија.

Илон Маск, кој ја водел компанијата заедно со Тил пред да стане извршен директор на „Тесла“ и да ја основа „Спејс екс“, има слично мислење за високото образование. При неговиот говор на конференција во Вашингтон во понеделникот еден присутен го прашал Маск за потребата од високо образование.

- Не ви треба факултет за да научите нешто - изјавил Маск.


Фото: Wikipedia

Вредноста е во увидувањето дали некој може да работи напорно на нешто. Тој додал дека, всушност, факултетите се забава и за да докажете дека може да ги завршите обврските, но не се за учење.

Изјавата на Маск потсетува на веб-страницата за стипендиската програма на Тил, која им нуди можност на сите до 22-годишна возраст да се пријават за двегодишен грант од 100.000 долари за да градат нешто наместо да седат во предавална. Условот за учество во програмата е напуштање на факултетот.

Тил во минатото го критикувал високото образование, тврдејќи дека една од лошите страни од предолгото образование е поголемото перење на мозокот. Маск дипломирал на Универзитетот во Пенсилванија, а Тил има диплома по право од „Стенфорд“.

Сепак, и покрај скептицизмот на Маск, многу од огласите за вработување во „Спејс екс“ бараат факултетска диплома или високо образование.

Автори: Ери Леви и Мајкл Шиц
Извор: cnbc.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование