X
 29.01.2016 Образование

Пред 30 години, ученичките торби беа полесни, но знаењето поголемо

„Во времето кога бев основец, а тоа е првата половина на 80-те години на изминатиот век, сме се чуделе како моите врсници од развиената Америка немаат поим каде е Југославија. Зарем такво нешто воопшто е можно, се жалев на судбината на тие неинформирани „каубојци“.“

 „Со прифаќањето на „болоња“, започнаа жестоките пресметки со претходниот образовен систем. И како што тоа обично бидува, кога се прифаќа новото, а отфрлува старото, излегува дека порано, значи во времето на социјализмот, ама баш ништо не вредело. Системот на воспитување и образување, особено! Не треба, секако, посебно да се нагласува контрадикторното... Не треба, секако, посебно да се нагласува контрадикторниот факт дека денешните огнени критичари на образованието од времето „пред болоња“ и самите се образовале во системот за кој тврдат дека ништо не чинело, со што паѓаат во логичен парадокс.

Имено, ако образованието во ерата „пред болоња“ не било квалитетно, тогаш не можат да бидат квалитетни ниту аргументите на оние кои денес ги критикуваат претходните и кон небото го воздугнуваат сегашниот образовен систем. Дотолку повеќе, според логичните работи, нивните аргументи мора да имаат некаква фалинка, а во поголем број од случаите и парадоксален дел. Но, да започнеме со ред.

Првата во низата аргументи кои вреди критички да се проанализираат е тврдењето дека учителите, наставниците, професорите... во образовниот систем „пред болоња“, децата ги оптеретувале со премногу знаење, со самото тоа и со непотребен материјал. (Обрнете внимание на оксиморонот „премногу знаење“.)

Дали, меѓутоа, било неопходно децата да учат колку тони јаглен извезува Кина во текот на еден месец? Или, каде се наоѓаат најзначајните светски наоѓалишта на лигнит? Во времето кога бев основец, а тоа е првата половина на 80-те години на изминатиот век, сме се чуделе како моите врсници од развиената Америка немаат поим каде е Југославија. Зарем такво нешто воопшто е можно, се жалев на судбината на тие неинформирани „каубојци“. Кај нас пак, чудесно, дури и доволниот ученик знаел да ги наброи главните градови на десетина африкански држави. Денес, меѓутоа, не сум сигурен дека тоа би се однесувало за ученикот на генерацијата. Во што е проблемот? Зошто денешните ученици слабо поминуваат на меѓународните тестови на знаење? Во моето време, ситуацијата беше обратна. А сепак, учениците не влечеле тони книги, како што тоа го прават денес. Иако „болоња“ ги ослободила од „премногу знаење“...“

„... Да се запрашаме, тогаш, зошто пренатрупани торби кога децата се ослободени од „премногу знаење“? Зарем ситуацијата не би морала да биде обратна во ерата на „болоња“? Зошто учениците со 25 килограми мора да носат торби со 30 килограми? Тоа го немаше во времето на социјалистичкото образование, на што денес му се даваат секакви епитети. Дотолку повеќе, децата во тоа време носеле многу полесен багаж на грбот, но знаењето, за разлика од денешното време, не им било лесно. Тие учеле за народноослободителните борби и непријателските офанзиви, но и биле оспособувани за граматички да напишат неколку просто-проширени реченици.

Денес се соочуваме со непријатниот факт таканаречените велики матуранти да пишуваат како првачиња. И тоа со очигледно отсуство на елементарна смисла во однос на поврзувањето на едноставните поими. Дали тоа е напредок? „Каде запна?“, што би рекле надреалистите - кога веќе уживаме во далеку „поквалитетен“ образовен систем? А, да, СМС генерацијата е во прашање!

П.С.

Во денешните средни училишта, торбите претставуваат задолжителен ученички украс. Но, во нив ретко може да се најдат две тетратки, а уште помалку средства за пишување - како пенкала. Шминката, патиките за физичко, хрна, два мобилни телефони... тоа е вообичаениот инвентар на полупразните ученички торби во дел од овдешните училишта. Конечно, дали ученичката торба е парадигма на образовниот систем? Или тоа е мобилниот телефон? Размислете сами, каде води овој пат?“

Автор: Борис Јашовиќ
Извор: Зелена учионица

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование