X
 11.04.2019 Култура

„Фраерски е да се чита“ со Билјана Црвенковска во ТРИ

Издавачкиот центар ТРИ минатата недела ја започна акцијата „Фраерски е да се чита – недела на кул книги во ТРИ“. Нејзина цел е приближување на книжевноста до помладата читателска публика и поттикнување на читањето.

Во рамките на оваа кампања, утре во книжарницата ТРИ во ГТЦ, со почеток од 12:30 часот, ќе се одржи дружба на млади читатели со Билјана Црвенковска, писателка на литература за деца. Младите вљубеници во книгата ќе имаат можност да поразговараат со неа на различни теми, да поставуваат прашања и да разменат идеи откривајќи го магичниот свет на книжевноста.

Во рамките на оваа акција во книжарниците ТРИ ве очекуваат и многу книги наменети за младите по намалени цени. Како што велат од издавачкиот центар ТРИ, со оваа кампања се инвестира во нешто што е општо добро за сите. Тие се надеваат дека преку ваквите настани ќе може да се допре не само до младите подигнувајќи ја нивната читателска свест, туку и до сите што директно влијаат врз нив – а особено до наставниците, родителите и медиумите.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура