Боенките повеќе не се само за малите деца. Напротив, тие денес се хит меѓу возрасните во светот. Веќе подолго време терапевтите ги истакнуваат позитивните ефекти на боењето како едноставен, креативен и забавен начин да се дојде до малку мир во претерано бучното секојдневие. Сè што е потребно е да подготвите сет боички, да заземете удобна позиција и да се препуштите на креативните цртежи што се отвораат пред вас.
Има медитативно дејство
Медитацијата претставува умешност да се насочи умот да не мисли на ништо. Исто така е и умешност да го деконцентрираме умот од работите што не окупираат и да го насочиме кон спокој и релаксација. Додека многу возрасни луѓе имаат потешкотии и отпор кон медитирањето, боенките за возрасни на суптилен начин го прават токму тоа. Сложените шари и мандали се посебно релаксирачки бидеќи го насочуваат умот кон прецизното боење, а со тоа вие сте фокусирани само на сегашниот миг – крајната цел на секоја медитација.
Го успокојува умот и го намалува нивото на стрес
Еден од првите научници кој ги докажа придобивките од боењето кај ворасните е познатиот психолог Карл Г. Јунг. Тој многу често користел мандали на своите пациенти и открил дека тие влијаат позитивно на нив, ги смируваат и го намалуваат нивото на стрес. Денес, боењето е прифатен метод во процесот на релаксирање на луѓето кои се борат анксиозноста и високото ниво на стрес.
Го буди детете во вас
Во самиот процес на боење, вие се навраќате во безгрижните детски денови. Токму освежувањето на тие спомени целосно ве релаксираат, влеваат оптимизам и ја зголемува позитивната енергија која подоцна ќе ја почувствувате во секое поле од животот.
Ја зголемува креативноста
Една од најголемите придобивки од боенките за возрасни е тоа што тие го будат креативниот гениј во вас. Самиот процес на боење помага да бидете покреативни не само на работното место туку во секоја сфера од животот бидејќи го стимулира умот на процеси на размислување кои дотогаш не ви биле познати.
Ви ја изострува присутноста
И покрај тоа што навидум боењето не бара некои посебни активности, тоа значително го зголемува фокусот и целосно го насочува умот. Сите надворешни фактори кои по малку ни го одземаат вниманието во секојдневните активности во процесот на боење одеднаш стануваат невидливи, а вие целосно ќе се посветите како креативните илустрации да ги обоите во најубавите бои.
A сега, останува уште да ги настрите боичките и да се фатите за боење. Еве неколку одлични боенки што можете да ги најдете околу вас:
Боенка за креативен ден – Ивана Горичан
Боенка за спокоен ум – Ема Фарасон
Боенка за добра ноќ
Мала боенка за големи креативци – Ивана Горичан
Боенките се достапни во Книжарниците ТРИ во ГТЦ и Дебар маало како и на интернет-книжарницата www.kniga.mk.