Германската компанија „Бе-ем-ве“ дизајнира капсула што ќе превезува патници со брзина до 1.080 километри на час.
(
Фото: BMW / Screenshot)
На манифестацијата „Месец на иновации“ во Дубаи неодамна беше претставена
патничката капсула што ќе сообраќа на релација Дубаи - Абу Даби, а патувањето ќе трае само 12 минути.
За споредба, патувањето со воз на истата релација трае околу два часа, со автомобил, доколку брзо се вози – околу еден час, а со авион – 15 минути.
Прототипот на капсулата првпат беше прикажан пред пошироката јавност на манифестацијата во Дубаи.
Се работи за „хајперлуп“ (Hyperloop) транспортен систем што го развива „Дизајн воркс“, фирмата-ќерка на „Бе-ем-ве“ заедно со компанијата „Вирџин хајперлуп уан“, стои во соопштението објавено на страницата на германската компанија.