X
 11.04.2020 Образование

Студентските собранија ќе доделуваат компјутери и интернет на студенти, за да може да следат онлајн-настава

За надминување на потешкотиите во следењето на наставата Универзитетските студентски собранија при Универзитетите „Св. Кирил и Митодиј“ – Скопје, „Гоце Делчев“ – Штип, „Св. Климент Охридски“ – Битола, „Мајка Тереза“ – Скопје и „Државен Универзитет“ – Тетово започнуваат со програма за распределба на електронски уреди и брз интернет на студентите кои не располагаат со електронски уреди и брз интернет.

Заради ефикасна распределба на уредите за следење на наставата, потребно е секој студент кој има потреба од вакво уред да се пријави преку следниот ЛИНК.

Пријавувањето можете да го извршите лично или тоа за вас да го стори трето лице.

Покрај пријавувањето преку линк можете да се пријавите и на следните телефонски броеви:
УКИМ: Борјан Ефтимов 071 218 791 ; Димитар Тромбевски
УКЛО: Дона Петрова 070 237 347 ; Иванчo Тодоровски 075 615 727
УГД: Мирко Наџаков 070 361 192
Мајка Тереза: Хајрие Фаризи 070 720 506

- Откако ќе ги собереме потребните информации ќе отпочнеме со втората фаза, односно со барање на уреди и нивна распределба на студентите кои се пријавиле во оваа програма. Уредите кои студентите ќе ги добијат привремено, ќе треба да ги вратат по завршувањето на семестарот. Дополнително, ќе обезбедиме брза и стабилна интернет конекција за студентите кои не располагаат со истата – објавија од стидентските собранија.


Оттаму ги замолуваат колегите да го споделат повикот.

- Студентската солидарност ќе ни помогне да ја надминеме оваа криза. Не смееме да дозволиме нашите колеги да заостануваат во наставата само заради тоа што немаат еднакви финансиски можности. Мораме да си помагаме едни на други, мораме заедно да ја надминеме оваа криза, за да можеме заедно да ги споделиме и убавите моменти кои ќе следуваат по завршувањето на истата – стои во објавата.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование