X
 07.07.2020 Здравје

Нови 120 заразени со коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа се направени 1.367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на Ковид-19 во Македонија, соопштија од Министерството за здравство.

Според градови, новозаболените се од:

-Скопје - 63
-Куманово - 4
-Дебар - 6
-Штип - 4
-Прилеп - 2
-Тетово - 14
-Струга - 6
-Велес - 2
-Битола - 1
-Охрид - 4
-Гостивар - 12
-Свети Николе - 1
-Кичево - 1

Од Министерството додаваат дека во изминатото деноноќие починале пет лица: двајца пациенти од Скопје, еден од Куманово и двајца од Тетово.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 125 оздравени лица од:

-Скопје - 82
-Штип - 1
-Тетово - 30
-Струга - 2
-Битола - 2
-Гостивар - 2
-Кочани - 4
-Пехчево - 1
-Ресен - 1

Досега во земјата се направени вкупно 69.426 тестирања за Ковид -19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 7.244, бројката на оздравени пациенти е 3.324, на починати е 351, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.569.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје