X
 11.05.2018 Забава

Како распадот ја подели Југовизија

Евровизија, иако е нагласено дека е деполитизирана, секогаш била место за политички борби. И не само на големото, туку и на локалните натпреварувања.

И додека некогашна Југославија се цепкаше на секое поле, од книжевно до спортско, распадот беше почувствуван и на изборот на југословенски претставник за Евровизија во 1991 година.

Тогаш се водеше лута борба меѓу претставниците на Радио-телевизија Белград, Беби Дол со песната „Бразил“, и загрепскиот претставник Даниел со песната „Дај обуци левисице“.

Гласањето од студијата во поранешната држава беа облеани со алузијата на распад на државата. Тоа беше една од ситуациите во кои Србија имаше корист од државниот концепт смислен со Уставот од 1974 година, според кој српските покраини беа директно претставени во сојузните органи.

Имено, во Југословенската радио-телевизија директно беа претставени телевизиите од Приштина и од Нови Сад, со што српскиот претставник доби „два гласа повеќе“. Ниеден претставник на ТВ Белград не доби глас од некоја од републиките на СФРЈ, освен од Црна Гора.

На крајот, одлучувачко беше гласањето од Подгорица, каде што членовите на жирито гласаа така што белградскиот претставник доби повеќе поени. Еден од членовите на жирито во Подгорица беше и Ацо Ѓукановиќ, брат на Мило Ѓукановиќ. Тој на Даниел му даде два, а на Беби Дол три поени.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава