X
 11.06.2018 Живот

Методата на еден професор да го „продолжите“ викендот

Ако ви се чини дека секој викенд ви поминува многу брзо и ако ви се чини дека и годините ви поминуваат сѐ побрзо - обидете се да ја разбиете рутината.

Според Дејвид Иглман, професор на „Стенфорд“ и автор на книгата „Мозокот: Приказната за тебе“, потрагата по новите активности и искуства е најдобар начин малку да го „продолжите“ времето. Многу е важно што вашиот мозок сфаќа како ново.

Кога поминувате време правејќи нешто непознато, вашиот мозок се фокусира повеќе на собирање информации поврзани со таа активност, создавајќи сеќавање на искуството. Кога се потсетувате на тоа искуство или ситуација, имате впечаток дека имате повеќе време.

Па така, ако имате воспоставена рутина секој викенд, нема да помните многу како сте ги поминале вашите слободни денови кога ќе дојде понеделник наутро. Имате впечаток дека викендот летнал бидејќи на вашиот мозок не сте му дале нови информации што би ги собрал и вклучил во својот систем.

Иглман истакнува дека викендот е полн со рутини слични на долго, досадно лето - се чини како вечност додека сте во воздух, но штом слетате, практично заборавате на цело искуство.

- Кога сте мали, сѐ ви е ново и создавате нови спомени за тоа. Затоа кога ќе се осврнете на крајот на летото, ви се чини дека траело долго бидејќи паметите сѐ и сешто, сте научиле да возите велосипед, сте отишле на море или на село, сте доживеале многу нови искуства и сте виделе нови работи. Но кога сте постари, како веќе да сте ги виделе сите обрасци претходно - објаснува тој.

За среќа, потрагата по нешто ново секој викенд не е толку тешко како што звучи - не морате да скокате со падобран, само треба да направите планови што не се во рамките на „нормалната рутина“.

На пример, можете:

-Да одите некаде на викенд;

-Ако морате да останете дома, тогаш викендот нека биде „работен“ - средување на домот, дворот, пазарење, поправки, а наредниот ден нека биде посветен на нови работи;

-Да пешачите на некоја невообичаена патека или пат;

-Да пробате нов ресторан, бар, кафуле или клуб;

-Да истражувате место каде што не сте биле;

-Ако секогаш гледате филмови, погледнете претстава за промена;

-Да одите на одмор на место каде што не сте биле претходно.

Кога правите нови работи, како времето да се забрзува. Правите работи што ве исполнуваат, ве прават среќни и се чувствувате позадоволно, не само кога ќе дојде понеделник, туку и кога ќе се потсетите на вашиот живот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот