Кога станува збор за напредок, дали е поважен IQ или EQ? Постојат многу истражувања што се обидуваат да дадат одговор на ова прашање користејќи различни пристапи, но според Џозеф Хенрих, професор по биологија на Универзитетот „Харвард“, кој проучува како еволуираат културите, малку математика може да го реши прашањето засекогаш.
Увидот на Хенрих доаѓа од неговата книга „Тајната на нашиот успех“, во која тој посветува внимание на ова прашање со помош на експеримент со пеперутки и гении.
Пеперутките се убави, но несуштински, па ако ги прашате луѓето дали повеќе би сакале да бидат пеперутка или гениј, сигурно повеќето веднаш ќе изберат гениј. Но, пеперутките исто така се социјални суштества, честопати се собираат во рој. Мислата на Хенрих посочува колку голема предност може да биде пријателството.
Замислете две групи луѓе, пишува тој. Едните ќе ги наречеме
гении, а другите пеперутки. Гениите се гении. Тие откриваат еден невообичаен изум на секои 10 века. Пепрутките не се ни приближно толку бистри. Ним им се потребни 1.000 века за да дојдат до пронајдок што ќе го промени светот.
Но, она што им недостига на пеперутките во когнитивните сили тие го надополнуваат со нивните социјални вештини. Секоја пеперутка има по 10 пријатели. Гениите, пак, се малку чудни и имаат само еден пријател. Сега, замислете како секој се обидува да пронајде нови изуми или сам или со помош на неговите пријатели.
Фото: Freepik