Албанскиот премиер Еди Рама на својот фејсбук-профил најави дека од следниот месец од аеродромот во градот Кукес (нарекуван и Кукуш или Кукс) ќе има летови со „Ер Албанија“ до две атрактивни дестинации по ниски цени.
Станува збор за летови до Цирих и Истанбул, чија цена ќе биде 1 евро плус таксите. Притоа, билетот од Кукес до Цирих и од Кукес до Истанбул ќе чини 12 евра, додека летот од Цирих до Кукес ќе чини 28,66 евра, а од Истанбул до Кукес 23 евра.
Тоа значи дека Албанците, но и жителите на земјите од регионот ќе можат по поволни цени да патуваат до овие две атрактивни дестинации.
Насловна фотографија:
Facebook