X
 03.09.2020 Образование

Рама ветува дека ќе изгради 143 нови училишта и градинки до крајот на 2021, некои се веќе при крај

Албанскиот премиер Еди Рама вети дека во текот на 2021 година во неговата земја ќе бидат изградени 143 нови училишта и градинки. Станува збор за згради што биле оштетени од земјотресот на 26 ноември минатата година, но годинава им се менува изгледот.

Рама на својот профил на „Фејсбук“ постојано објавува фотографии од проектите за изградба на училишта и градинки во различни делови од Албанија.

- 143 нови училишта по европски стандарди, сите готови во текот на 2021 година, на местото на градбите погодени од несреќата од крајот на 2019 година, се полнозначен одговор во име на Албанија што ја сакаме - пишува Рама во неговите објави за изградбите, заедно со хаштаг „Ти никогаш нема да бидеш сам“ (#TiNukDoJeshKurrëVetëm).

Последното училиште што го презентира Рама на неговиот профил на „Фејсбук“ е основното училиште „Браќа Харадинај“ во околината на Драч, кое, според најавите, треба да се отвори на 26 ноември.


Во Албанија е во тек и изградбата на домови за оние што биле најпогодени од земјотресот, а Рама постојано објавува снимки од тие акции на неговиот профил.



Предвидено е учебната година во Албанија да започне на 14 септември.

Извор: Shqiptarja
Насловна фотографија: Facebook (Edi Rama)
Подготвил: Билјана Арсовска

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование