Поради посетата на албанскиот премиер Еди Рама на Скопје, утре во главниот град ќе има посебен режим на сообраќај, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Имено, за сообраќај ќе бидат затворени следните сообраќајници: бул.„Александар Македонски“, ул.„Беласица“, бул.„Гоце Делчев“, бул.„Климент Охридски“, ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, дел од ул.„Франклин Рузвелт“ и ул.„Орце Николов“.
Од МВР не прецизираат колку долго ќе трае посебниот режим и апелираат до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници, со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.