X
 11.06.2021 Наука

Трета доза вакцина од друг производител го напаѓа вирусот на повеќе начини

Здравствените власти на Бахреин одлучија сите вакцинирани со „Синофарм“ што имаат над педесет години, се дебели и хронично болни, да добијат уште една доза, но од вакцината „Фајзер“, дури и ако се целосно вакцинирани. Во Бахреин 47 отсто од населението се ревакцинирани, најголем број со кинеската вакцина, но бидејќи таа островска земја се најде во нов бран на коронавирусот, третата доза е обид да го запрат.

Овој потег изгледа како обид за „напад“ на вирусот на неколку начини.

Идејата за бустер-дозата се појави и во Обединетите Арапски Емирати, каде што третата доза веќе им се дава на некои жители. Сејшелите, каде што дури 65 отсто од луѓето биле вакцинирани со „Синофарм“ и „Астра зенека“, исто така размислуваат за трета доза поради третиот бран. Списокот со земји не завршува тука бидејќи некои европски земји размислуваат на ист начин, затоа што кинеските вакцини се направени од инактивиран вирус и како такви даваат различен имунитет од вакцините што ја носат пораката.

Првите резултати на здравствените власти на ОАЕ укажаа на тоа дека кинеската вакцина нуди 86 отсто заштита од симптоматско заболување и 100 отсто заштита од хоспитализација, но зголемениот број на новозаразени во азиските земји ги принудува луѓето да размислуваат за нови вакцини.

Сето ова дополнително беше поттикнато од информацијата дека кај некои лица кинеската вакцина не предизвикува производство на антитела, поради што кинеските производители почнаа да ја разгледуваат можноста за трета доза.

Извор: B92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука