Ако сте слободни, не грижете се. Науката покажа дека всушност е подобро да сте сами отколку во врска.
Но ако се плашите дека никој не сака да биде во врска со вас, постои психолошка причина што може да ви објасни зошто - секако, доколку немате страв од интимност.
Станува збор за „парадокс на изборот“, и во суштина значи дека разновидноста е добра работа, истовремено, овој парадокс ги прави нашите одлуки попредизвикувачки.
Фото: Unsplash
На пример, сте запознале некој преку „Тиндер“ и првиот состанок поминал одлично. Веројатно сакате да се видите повторно, но не можете а да не ги забележите нивните мали недостатоци па си помислувате дека можеби постои некоја друга личност што уште повеќе ви одговара.
Во неговата книга „Парадокс на изборот“, Бари Шварц го опишува овој начин на размислување како „максимизирање“.
- Максимизаторите ги третираат љубовните врски како облека. Очекуваат да пробуваат доста парчиња пред да го најдат совршеното парче што совршено ќе им стои. Максимизаторот смета дека за него постои совршената љубов, совршените пријатели. Дури и ако моменталната љубовна врска е супер, тој смета дека треба да ги држи очите отворени - вели Бери.
Спротивно на максимизаторите се „задоволувачите“ кои имаат способност да откријат дека нешто е добро кога ќе го видат, без да се опседнуваат со: „Што ако“.
Теоретски, има смисла. Секогаш се држите и оставате место за нешто подобро, па големи се
шансите да завршите со ништо. Или тоа или пак ќе сфатите дека вашите добри опции сте ги пропуштиле, па ќе завршите со опција што е погрешна за вас.