X
 24.07.2015 Наука

Зошто старите книги и весници пожолтуваат?

Кога гледаме пожолтени страници од некоја книга или некој весник, веднаш е јасно дека се работи за старо издание. Но, зошто хартијата пожолтува со текот на времето? Се претпоставува дека хартијата се појавила во Кина околу 100 години пред новата ера.


Вендаш по изумот на хартијата, оваа иновација пристигнала секаде во Азија, кадешто започнала да се користи за важни официјални документи. Хартијата започнала да се употребува повеќе кога било овозможено и поефикасно и поевтино производство на истата.

Во производството на хартија низ историјата се користеле памук и дрвени влакна. Дрвените влакна се поевтини од памукот, а во текот на процесот на производство на хартија материјалите се однесуваат исто. До 19-от век се користел памукот, но потоа започнало да се користи дрвото низ целиот свет.

Но, ваквата хартија има и мани. Таа повеќе се оштетувала, особено во контакт со сончева светлина и кислород. Во дрвото се наоѓаат две полимерни супстанци - целулоза и лигнин. Целулозата има негативна особина, а тоа е дека при нејзината подложност на оксидасија се ослабуваат својствата на материјалот, па доаѓа до апсорбирање на светлина.

Лигнинот е состојката која на дрвото му дава цврстина. И оваа состојка е подложна на оксидација, која врши промена во неговата молекулска структура. Поради тоа доаѓа до промена на начинот на кој состојката апсорбира и рефлектира светлина, што доведува до промени во начинот на кој ја гледаме хартијата. Тогаш хартијата ја гледаме како жолтеникава или кафена.

Токму затоа, битните документи кои мора да бидат зачувани подолго се направени од хартија која содржи минимално ниво лигнин.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука