Крвавата Месечина во јули ќе предизвика најдолго помрачување во 21 век, тврдат научниците.
Истовремено, Марс ќе изгледа посветло од кога било бидејќи тогаш ќе биде најблиску до Земјата во последните 15 години.
Фото: Getty Images
- Тоа е одлично. Ова е ретка можност да го видиме помрачувањето на Месечината покрај Марс на ноќното небо. Ќе имаме два одлични објекти, што е одлична можност за фотографите - вели астрономот Роберт Масеј од британското Кралско астрономско друштво.
Помрачувањето, кое ќе трае 43 минути, ќе се случи на 27 јули. Причината за долгото траење е што Месечината ќе се најде на една од најоддалечените точки од Земјата, што значи дека нејзината сенка ќе биде поголема отколку при обично помрачување.
Помрачувањето ќе биде најдобро и најдолго видливо на југоистокот од Европа.