X
 13.11.2019 Технологија

Студент од Мексико создал пат од гума што сам се поправа кога врне дожд

Студент по градежништво од Мексико создал нов вид гума што сама се регенерира, направена од рециклирани гуми кои можат да ги поправаат оштетените патишта кога врне дожд. Неговиот изум има потенцијал да им заштеди милијарди долари на владите и на градежната индустрија на глобално ниво.

Израел Антонио Брисењо Кармона, кој студира на автономниот Универзитет „Коахуила“ во Тореон, Мексико, е добитник на наградата „Џејмс Дисон 2019“.

- Кога врне дожд, водата се филтрира под основата на тротоарот, создавајќи слаби точки во патот, па кога автомобилите ќе поминат над нив, тие се распаѓаат. Затоа сакав да го претворам главниот материјал во материјал што може да се обнови. Проектот овозможува водата да биде извор на одржување за нашите патишта - изјави Израел.

Идејата ја добил по незадоволството од првичните експерименти користејќи формула за асфалт. Неговата формула со рециклирана гума била победник бидејќи била многу поевтина, поодржлива и го намалила отпадот од гумите.

- Тротоарот бил инспириран од бетон што се регенерира со бактерии, пренесувајќи ги своите хемиски функционалности на тротоарот без употреба на бактерии. Сè е создадено од употребените адитиви затоа што постои хомогенизација со материјалот и гумата кога се на висока температура, но со следење на истиот процес на производство на асфалтниот пат - пишува во објаснувањето на изумот.

Израел го патентирал својот изум под името „Пафлек“ во април и се надева дека ќе најде градежна компанија затоа што му е потребно партнерство за овластување и понуда на овој проект.

- Во моментов постојат повеќе типови патишта што можат да се регенерираат, но никој не ја користи водата како средство за регенерација - вели Израел.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија